Израел

Израел го договори одмаздничкиот план за Иран

16.10.2024 08:16

Министерот за одбрана рече дека одговорот ќе биде прецизен, болен и изненадувачки...

Договорен израелскиот одмазднички план за Иран. Министерот за одбрана рече дека одговорот ќе биде прецизен, болен и изненадувачки.

„Немаме намера да трпиме кршење на суверенитетот без да реагираме, одговорот ќе биде прецизен, болен и изненадувачки кон Иран. Немаме интерес за отворање дополнителни фронтови, фокусирани сме на одговорот“, изјави Јоав Галант, министер за одбрана на Израел.

Вашингтон доби гаранции од Тел Авив дека на мета нема да бидат нуклеарни постројки и нафтени локации. Од САД потврдија дека противракетниот систем за Израел пристигнува во регионот. На фронтот продолжуваат жестоки борби. Убиен шефот на операциите со дронови на Хамас во северна Газа. Наредена итна евакуација во предградијата на Бејрут поради израелски напади. Хезболах соопшти дека Израелците ќе мора да изберат меѓу прекин на огнот или уништување на непријателот.

„Се одлучивме за нова равенка наречена-повредување на непријателот, за да ја почувствуваат болката. Израелскиот непријател одлучи да го таргетира цел Либан, тоа значи можеме да целиме на било која точка во Израел. Ќе се фокусираме на нејзината армија, бази и касарни. Затоа му велам на израелскиот домашен фронт-решението е во запирање на огнот. Ние не зборуваме од позиција на слабост“, изјави Наим Касем, заменик-шеф на Хезболах.

Од генералштабот на Тел Авив, пак, тврдат дека Хезболах е во неволја и затоа е потребно да се продолжат воените операции и да се изврши поголем притисок врз нив. Шефот на европската дипломатија Борел заедно со неговите колеги од Заливските земји, од Брисел изразија загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток.