Украина
Руски напад врз Киев
16.10.2024 08:23
Жестоки борби се водат на истокот на Украина и во руската област Белгород...

Напади врз Киев. Серија експлозии одекнаа за време на руските удари со беспилотни летала од северен и јужен правец. Жестоки борби се водат на истокот на Украина и во руската област Белгород. Руските трупи напредуваа во Торецк-клучниот логистички центар и главната тактичка цел на Москва во регионот на Доњецк.
Украинската армија нареди евакуација на цивилите од Купјанск и соседните градови поради неможност да ги заштити.
