17 години од смртта на нашата поп-икона Тоше Проески
Tоше беше една од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена, каде што беше доживуван како заштитен знак на Македонија...

Цели 17 години без нашата поп-икона Тоше Проески, кој загина на денешен ден – 2007 година, во сообраќајна несреќа во нова градинка во Хрватска. Тоше беше една од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена, каде што беше доживуван како заштитен знак на Македонија.
Подемот во неговата кариера започнува особено по изведбата на песната „Твоите бакнежи на моите бели кошули“ на Скопскиот фестивал во 1999 година. Во 2004 година е прогласен за амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ.
Постхумно е прогласен за заслужен граѓанин на Македонија негов заштитен знак е познатиот израз ве сакам сите. Живееше само 26 години, но, остави неизбришлива трага.
