Кина повикува на политичко решение
Јужнокорејските власти со предупредувачки истрели јужно од воената дeмаркациона линија како одговор на севернокорејското уништување на главните патишта што ги поврзуваа со Сеул...

Двете Кореи на работ на нова војна. Јужнокорејските власти со предупредувачки истрели јужно од воената дeмаркациона линија како одговор на севернокорејското уништување на главните патишта што ги поврзуваа со Сеул. Државните медиуми на Пјонгјанг објавија дека за само два дена над милион волонтери се приклучиле или вратиле во војската, решени да се борат во светата војна за уништување на непријателот. Кина вели дека тензиите на Корејскиот полуостров немаат корист за ниту една од страните.
„Како близок сосед на полуостровот, го следиме развојот на ситуацијата и развојот на односите меѓу Северна и Јужна Кореја. Тензиите на полуостровот не се во интерес на ниту една од страните. Главниот приоритет е да се спречи ескалација. Кина е посветена на одржување на мирот и стабилноста на полуостровот, а нашата позиција за промовирање политичко решавање на прашањето на полуостровот не е променета. Се надеваме дека сите страни ќе работат заедно за таа цел“, изјави Мао Нинг, портпаролка на кинеското Министерство за надворешни работи.
Овие разгорувања се најнови во низата меѓу двете Кореи, во кои тензиите се искачија на највисоката точка во изминатите години, откако лидерот на Северот, Ким Џонг Ун во јануари изјави дека Југот е непријател број еден на неговиот режим.
