Светскиот ден на храната под мотото „Право на храна за подобар живот и подобра иднина: Никој да не биде изоставен.“
Годинашниот настан ќе се фокусира на значајниот придонес на малите земјоделци, кои произведуваат околу една третина од храната во светот. Тие се вистински „Херои на храната“, кои помагаат во обезбедување пристапна, здрава и безбедна храна за сите...

Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска ќе го одбележат Светскиот ден на храната под мотото „Право на храна за подобар живот и подобра иднина: Никој да не биде изоставен.“
Настанот ќе се одржи на живинарската фарма на Тони Димевски, во село Огњанци, општина Петровец, во близина на Скопје.
Годинашниот настан ќе се фокусира на значајниот придонес на малите земјоделци, кои произведуваат околу една третина од храната во светот. Тие се вистински „Херои на храната“, кои помагаат во обезбедување пристапна, здрава и безбедна храна за сите, дури и во предизвикувачки услови. Еден од таквите примери е Тони Димевски, домаќин на настанот и сопственик на живинарската фарма „Домашно пиле“, која постои од 1999 година, наведуваат организаторите.
Фото :/ ФАО
