Македонија

Меѓународна научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања“

16.10.2024 08:37

Во рамките на настанот ќе биде промовиран Зборникот од осмата конференција...

Во рамките на Отворените денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, денеска во Скопје ќе биде отворена деветтата Меѓународна научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања“.

Како што е најавено, на настанот обраќања ќе имаат директорката на Институтот, Елена Јованова-Грујовска и претседателката на Меѓународниот организациски одбор на научната конференција Лидија Тантуровска.

Во рамките на настанот ќе биде промовиран Зборникот од осмата конференција.