Фудбал

Аргентина ја демолираше Боливија со резултат 6:0

16.10.2024 08:50

Триесет и седумгодишниот Аргентинец ја намали разликата во однос на напаѓачот на Ал-Наср и Португалија Кристијано Роналдо по бројот на хет-трикови во кариерата...

Во квалификациите за Светското првенство во 2026 година, Аргентина ја демолираше Боливија со резултат 6:0, а апсолутен херој на триумфот беше Меси. Неверојатниот Аргентинец Лионел Меси по којзнае кој пат покажа зошто многумина го сметаат за најдобар фудбалер на сите времиња.

Триесет и седумгодишниот Аргентинец ја намали разликата во однос на напаѓачот на Ал-Наср и Португалија Кристијано Роналдо по бројот на хет-трикови во кариерата. Меси сега има 58 од нив, додека Роналдо 66.

Меси игра за Интер Мајами во МЛС од летото 2023 година. Претходно играше за Барселона и ПСЖ.