Не победивме, а „скокнавме“

17.07.2014 16:19

Македонската фудбалска репрезентација е на 74-тото место на најновата ранг – листа на ФИФА. Нашиот национален состав скокна за шест позиции, иако не успеа да забележи победа на двете последни контролни средби. Претрпевме пораз од Камерун со 2-0, а со Катар одигравме реми 0-0.

Од противниците на Македонија во квалификациите за ЕП во Франција во 2016-та, највисоко котира Шпанија која е осма. „Армадата“ не ја мина групата на СП во Бразил, а тоа ја чинеше пад од седум места. Токму на теренот на шпанската селекција избраниците на Бошко Ѓуровски ќе го отворат настапот во наредниот квалификациски циклус. Во групата е и Украина, која е 22-ра светска фудбалска сила, Словачка е 46-та, а зад нас се Белорусија и Луксембург. Белорусите се на 81-то место, а Луксембург на 108-то.

На врвот на листата на ФИФА е Германија, пред Аргентина и Холандија, која напредуваше 12 места. Ваквиот редослед соодветствува и на пласманот на последниот Мундијал. Во првата петка се и Колумбија и Белгија, а до десеттата позиција следуваат: Уругвај, Бразил, Шпанија, Швајцарија и Франција. Од ова друштво излегоа Англија, Португалија и Италија.