Гаши во работна посета на Берлин
Посетата, како што соопштуваат од Собранието, примарно се организира заради разгледување на можностите за продолжување на веќе воспоставената соработка меѓу двата парламента, во рамки на Програмата за парламентарна поддршка и проширување на можностите за соработка во други области од заемен интерес.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, заедно со генералната секретарка Марина Димовска, од денеска до петок, ќе остварат работна посета на Берлин.
Посетата, како што соопштуваат од Собранието, примарно се организира заради разгледување на можностите за продолжување на веќе воспоставената соработка меѓу двата парламента, во рамки на Програмата за парламентарна поддршка и проширување на можностите за соработка во други области од заемен интерес.
Во рамки на посетата, предвидени се средби со министерката за Европа и клима, Ана Лирман, претедателката на Германскиот Бундестаг Бербел Бас, претседателот на Комисијата за европски прашања Антон Хофрајтер, претседателот на Комисијата за надворешна политика Михаел Рот и претседателот на Парламентарната група за пријателство во Југоисточна Европа, Дирк Вупел.
На маргините на посетата, генералната секретарка Марина Димовска, ќе оствари средба со заменик-генералната секретарка на Бундестагот, Сашка Лејнбергер.
