Македонија

Земјотрес почувствуван вчеравечер во Демир Капија

16.10.2024 10:20

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на Демир Капија и околината, со интензитет од III степени...

Земјотрес со епицентар во подрачјето на Демир Капија, со Рихтерова локална магнитуда 2.2, е регистриран вчера во 18.35 часот, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на Демир Капија и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.