Турција

Силен земјотрес ја погоди Турција

16.10.2024 10:57

Во извештајот се наведува дека земјотресот се случил во 10 часот и 46 минути по локално време, на длабочина од девет километри...

Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала го погоди источниот дел на Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Во извештајот се наведува дека земјотресот се случил во 10 часот и 46 минути по локално време, на длабочина од девет километри.

Земјотресот е измерен на 40 километри источно од градот Малтај, кој има повеќе од 440.000 жители, и 27 километри јужно од Баскил, каде живеат околу 16.000 луѓе.