Германецот Тухел нов селектор на англиската репрезентација
16.10.2024 11:13
Германскиот стручњак Томас Тухел се согласил да стане селектор на англиската репрезентација, објавија англиските медиуми...
Германскиот стручњак Томас Тухел се согласил да стане селектор на англиската репрезентација, објавија англиските медиуми.
51-годишниот Германец веќе потпишал договор со Англиската фудбалска асоцијација и се очекува денес и официјално да биде претставен на прес-конференција на „Вембли“.
Последната работа на Тухел беше во Баерн Минхен, кој го напушти на 30 јуни годинава. Под негово водство, Баварците станаа шампиони на Германија во сезоната 2022/23.