Фудбал – трансфери

Крос официјално, Родригез блиску до Реал

17.07.2014 16:33

По светската титула со Германија, Тони Крос најде нов предизвик во кариерата и од денеска е фудбалер на Реал Мадрид. Кралскиот клуб и официјално објави дека се договорил со Баерн Минех за трансфер на Крос кој според статистиката на ФИФА на мундијалот во Бразил беше најкомплетен играч.

„Донесоме победник кој и со Баерн освојувашер трофеи“ стои во соопштението на Реал.

Заминувањето го потврди и германскиот шампион Баерн во чијашто информација се вели дека двата клуба се договориле да не ја соопштуваат цената на трансферот.

Претпоставките се дека Реал за шестогодишниот договор на Крос на Баерн ќе му плати 25 милиони евра, додека Крос ќе заработува по 6 милиони евра по сезона.

„Ова е оставрување на мојот сон, многу сум среќен што ќе играм з аРеал Мадрид и со фудвбалери како Кристијано Роналдо и другите“, изјави Крос кај за баварскиот гигант дебитираше со 17 години и освои по три шампионски и куп титули и беше клупски првак на Европа.

Реал Мадрид има амбиција по Милан на почетокот на деведестите години од минатиот век да биде првиот што ја одбранил титулата во највредното европско натперварување, па создава нов „Галактико“ тим за следната сезона. Шпанскиот весник „Ас“ којшто одлично ги пзонава состојбите во Реал, тврди дека Монако ја прифатил понудата од 70 милиони евра за Родригез и дека Колумбиецот ќе потпише петгодишен договор за по 7,5 милиони евра по сезона.