Анкета на ИПИС: Мицкоски убедливо најпопуларен политичар, ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ
Доколку следната недела би имало парламентарни избори, дури 27,2 насто од испитаниците одговориле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, а само 9,6 проценти рекле дека ќе гласаат за СДСМ. Европскиот фронт е со минимална предност пред коалицијата „Вреди“.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е убедливо најпопуларен политичар. Според анкетата на ИПИС, тој има доверба од 27,8 насто од испитаниците, Али Ахмети од ДУИ има поддршка од 8,6, додека на третото место се наоѓа лидерот на СДСМ, Венко Филипче со поддршка од 5,5 проценти.
Доколку следната недела би имало парламентарни избори, дури 27,2 насто од испитаниците одговориле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, а само 9,6 проценти рекле дека ќе гласаат за СДСМ. Европскиот фронт е со минимална предност пред коалицијата „Вреди“.
28,4 проценти од испитаниците позитивно ја оцениле работата на Владата во првите 100 дена, за еден процент помалку дале оценка, донекаде позитивно, а 21,6 насто имаат негативно мислење.
Телефонската анкета е спроведена од 10-ти до 13-ти октомври годинава, на 1.134 полнолетни испитаници.
