Унапредување на соработката меѓу македонските и турските вооружени сили
На првата средба на началникот на Генералштабот на турските вооружени сили генерал Метин Ѓурак со началникот на Генералштабот на македонската армија генерал-мајор Сашко Лафчиски било разговарано за унапредување на билатералната воена соработка...

Висока делегација на вооружените сили на Турција предводена од началникот на генералштабот Метин Ѓурак престојува во официјална посета на Северна Македонија.
На првата средба на началникот на Генералштабот на турските вооружени сили генерал Метин Ѓурак со началникот на Генералштабот на македонската армија генерал-мајор Сашко Лафчиски било разговарано за унапредување на билатералната воена соработка, процесот на трансформација и модернизација на македонската армија и придонесот во меѓународните операции и мисии.
Генералот Метин ќе биде примен и од претседателката и врховен командант Гордана Сиљановска Давкова.
