Крушево

17 години од смртта на Тоше

16.10.2024 13:38

Сеќавањата не бледнеат, ниту почитта за големата македонска и балканска музичка ѕвезда...

Денеска се навршија 17 години откако во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска загина нашиот Тоше Проески. Сеќавањата не бледнеат, ниту почитта за големата македонска и балканска музичка ѕвезда. Неговите фанови, крушевчани од изутрината се на неговото вечно почивалиште на Гумење во Крушево. Пристигнаа и маратонците кои од Хрватска трчаа во чест на Тоше. Учениците и граѓаните даруваа 500 рози. Од Крушево известува Елизабета Митреска.