Регулаторна комисија

Цената на парното ќе мирува, но се очекува раст на цената на струјата

16.10.2024 18:25

Цената на парното ќе мирува, но онаа за струјата најверојатно не, зашто од јануари се очекуваат корекции на светските берзи. Што ќе се случува кај нас, одлука ќе има на крајот на ноември...

Граѓаните може да спијат мирно оти цената на парното греење ќе остане непроменета, барем до крајот на грејната сезона, освен ако нема некој поголем скок на цената на гасот на светските берзи, велат од Регулаторна. Цената на природниот гас сега е околу 40-ина евра за мегават час. За евентуално поскапување може да се зборува ако има драстични промени.

Цената на парното ќе мирува, но онаа за струјата најверојатно не, зашто од јануари се очекуваат корекции на светските берзи. Што ќе се случува кај нас, одлука ќе има на крајот на ноември. Компаниите ги доставиле пресметките и допрва ќе се анализираат. Најмногу ќе зависи од тоа што ЕСМ ќе му понуди на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум.

Бислимовски рече дека државата ќе прави се за граѓаните да не почувствуваат ценовен шок.

Дополнителен час во дневната евтина тарифа нема да има до крајот на годинава. Планот беше наместо до 15, евтина струја да има до 16 часот. Ако се случи тоа, ќе мора да се укине евтината тарифа по 22 часот, која домаќинствата најмногу ја користат.

Борис Грујоски