МВР
Претрес во Кичево, приведен лихвар
16.10.2024 14:52
На 15.10.2024 во 15.30 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Л.А.(64) од Кичево поради сомнение дека е сторител на кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик...

На 15.10.2024 во 15.30 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Л.А.(64) од Кичево поради сомнение дека е сторител на кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик.
Со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени поголема сума пари во различни валути и апоени, златен накит и други предмети. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од МВР.
