Рочиште за двојното убиство

Девојчето е киднапирано и убиено, повторувал таткото на Вања

16.10.2024 14:58

Со испитување на сведоци на предлог на Обвинителството, во Основниот кривичен суд-Скопје денеска продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски...

„Ајде да ја бараме, па џабе ја бараме, девојчето е киднапирано и убиено“, повторувал таткото на Вања – Александар Ѓорчевски пред инспекторот од скопската полиција. Да ангажираме мафијаши да помогнат во пронаоѓањето на девојчето, советувал Ѓорчевски. Го викнал инспекторот на средба и се распрашувал што знае полицијата. Го запознал инспекторот Музафер Калишиќ со кумашинот Гоце, со кого не се виделе со години, но кој му се јавил на Александар за да помогне во пронаоѓањето на Вања. Бидејќи до пронаоѓањето на телото на Вања и проговорувањето на Кешишов никој не ги поврзувал двата случаја на Панче и на Вања, на инспекторот не му било јасно зошто Гоце му дал снимка од бензинска пумпа во Велес, каде што Панче точи гориво.

Инспекторот од велешката полиција Ристе Самарџиев објасни како се одвивала потрагата по Панче до спојувањето на двете убиства. И одбраната на Видевски не се согласува со исказот на инспекторот. Одбраната на обвинетите вели дека имало серија пропусти во постапувањето на полицијата.

За двојното убиство обвинети се петмина. Четворица се товарат за соизвршителство, а едно лице – таткото на Вања, за помагање.

 

Наташа Јанчиќ-Менковски