Здравство

До утре рок за приговори за пропустите утврдени од стручната комисија

16.10.2024 15:22

Здравствените установи имаат рок до утре да понесат приговори за пропустите кои ги утврди стручната комисија за смртта на 14 месечното бебе...

Здравствените установи имаат рок до утре да понесат приговори за пропустите кои ги утврди стручната комисија за смртта на 14 месечното бебе. Од Министерството за здравство велат дека до досега не е пристигнат приговор од ниту една установа. Додаваат дека извештајот е испратен до Лекарската комора. Што ќе преземат во делот на утврдените стручни пропусти ќе се одлучува откако извештајот ќе го разгледа Комисијата за етички прашања. Низа пропусти при лекувањето на 14-месечното бебе констатираше стручната комисија – системски, технички и стручни.

Од Клиниката за респираторни заболувања кај децата „Козле“ негираат вина, додека пак од Детската клиника рекоа дека ќе ги почекаат заклучоците од Лекарската комора, потоа ќе постапуваат. Според извештајот – лекарите на Детската клиника направиле превид кога го пратиле детето на домашно лекување. Во Козле, пак, не била направена соодветна проценка за здравствената состојба и не било навреме поставено на респираторна машина. 14 месечното бебе почина од опструктивна бронхопневмонија на 5-ти октомври на Детската клиника, од Клиниката во Козле било транспортирано во многу тешка здравствена состојба.