Итурбе во Рома!
Откако минатата сезсона го освои второто место, Рома има намера во следната да му биде сериозен конкурент за титулата на шампионот Јувентус. „Римската волчица“ потпиша петгодишен договор со Аргентинецот Хуан Итурбе.
За 21 - годишниот Итурбе кој минатата сезона постигна осум гола, Рома на Верона ќе и плати 22 милиони евра со можност сумата да се зголеми за 2 до 5 милиони во зависност од квалитетот на настапите на офанзивниот играч за врска.
За Итурбе, заинтересиран беше и Јувентус, но екипата од Торино испадна од трката по оставката на тренерот Антонио Конте.

За Рома ова е петто засилување во летниот преоден рок, откако во Рим дојдоа и Ешли Кол од Челзи, Урби Емануелсон од Милан, Сејду Кеита од Валенсија и Салих Учан од Фенербахче.