Македонија

Владата ќе носи одлука за проектите на општините

16.10.2024 15:33

Мицкоски истакна дека до крајот на месецот надлежните институции ќе ги потпишат договорите со општините, со што ќе почне имплементацијата на проектот.

На седница на Влада денеска ќе се донесе одлука за проектите за општините, кои ќе ги користат парите од унгарскиот заем, наменети за унапредување на инфраструктурата на локално ниво, најави премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски истакна дека до крајот на месецот надлежните институции ќе ги потпишат договорите со општините, со што ќе почне имплементацијата на проектот.

И министерот за транспорт и врски Александар Николовски, пак, денеска од Велес истакна дека околу 90 проценти од проектите на општините кои ги доставија за користење на парите од заемот од Унгарија ќе бидат изгласани и одобрени на денешната седница на Владата.

Општините во земјава на располагање имаат околу 250 милиони евра за реализација на капитални инфраструктурни проекти.