Светски ден на храната
Сиромашна земја која фрла храна како богатите. На Меѓународниот ден на храната се брои колку килограми има вишок и колку во исто време се гладни …

Во земјава потребно е да се донесе закон за донирање вишок храна. Околу 15.000 семејства, односно околу 40 до 50 илјади луѓе имаат потреба од храна. Во изминативе години поднесени се два предлог-закона, вели Душко Христов од банката за храна.
Храната е лек, но може да биде и отров доколу е небезбедна и неквалитетна затоа треба да им се оддаде почит на сите земјоделци во земјава, дециден е министерот за земјоделство. Според деканот за Земјоделски факултет, треба да се поддржат и мотивираат младите да останат во земјоделскиот бизнис.
Македонија е сиромашна, но фрла храна како богатите земји. Статистиките на Обединетите нации покажуваат дека нивото на фрлена храна кај нас е како кај развиените земји. Речиси 48 милиони луѓе, според обединетите нации, се соочуваат со вонредни нивоа на глад и тоа доведува до акутна неухранетост, глад, па дури и смрт.
Ана Јосифоска
