Сеќавање на Тоше Проески
Денеска се навршија 17 години откако во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска загина нашиот Тоше Проески. Сеќавањата не бледнеат, ниту почитта за големата македонска и балканска музичка ѕвезда. Неговите фанови, крушевчани од изутрината се на неговото вечно почивалиште на Гумење, во Крушево. Пристигнаа и маратонците кои од Хрватска трчаа во чест на Тоше...

Седумнаесет години без Тоше Проески. Бројни фанови од повеќе земји денеска на Гумење во Крушево, на вечното почивалиште на Тоше му оддадоа почит. Не бледнеат ниту сеќавањата ниту почитта кон него. Неговите сограѓани даруваа 500 рози. 14-те маратонци по 17-ти пат го истрчаа маратонот од Нова Градишка, каде на денешен ден 2007-ма година Тоше загина во сообраќајна несреќа.
Фановите на Тоше пристигнаа од сите страни на Балканот. Од Спомен куќата на Тоше најавуваат дека наредниот месец за првпат дел од музејската поставка ќе биде претставена во Загреб.
Спомен обележјето на Тоше на Гумење е изградено пред 4 години, а спомен куќата пред 13. Ја посетиле околу еден милион и 200.000 гости.
Елизабета Митреска
