Македонија

Тројца загинати и петмина повредени во сообраќајка на автопатот Скопје – Велес

16.10.2024 20:42

На местото на несреќата први помош укажале две екипи на Брза помош од Скопје и една од Велес...

Тројца загинати и пет лица се повредени и пренесени во болница во сообраќајката што се случи попладнево, кога комбе се преврте на автопатот Скопје – Велес.

„Во 17.45 ч. пријавено е дека на автопат Скопје-Велес, пред тунелот, се превртело комбе. Досега е констатирана смрт кај три лица, а пет се пренесени во болница за укажување помош. На лице место се упатени полициски екипи и јавен обвинител“, велат од МВР.

На местото на несреќата први помош укажале две екипи на Брза помош од Скопје и една од Велес.