Временска прогноза
Променливо облачно со сончеви периоди
17.10.2024 07:59
Преку денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, a долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец...

Наутро по одделни котлини со услови за појава на слаба магла или ниска облачност. Преку денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, a долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен.
Во Скопје наутро со услови за појава на слаба магла, а преку денот променливо облачно со сончеви периоди и со слаб северен ветер.
