Строги казни за операторите со храна

12.12.2013 12:04

Од идната година ќе се применуваат строги казни за операторите со храна кои не ги почитуваат пропишаните правила и стандарди. Инспекторите нема да едуцираат па да казнуваат, туку веднаш ќе  санкционираат.

Строги казни за операторите на храна кои не ги почитуваат прописите за безбедност.

Самоедукацијата не даде ефекти, па Агенцијата за храна и ветеринарство подготвува измени со нови повисоки казни.

Дел од производителите, трговците и дистрибутерите на храна го злоупотребуваат принципот без парични казни.

Ваквата практика влијае негативно и, според агенцијата, едукацијата  треба да се укине, освен за прекршоците кои не влијаат врз здравјето на потрошувачот.

Казните сега се од 500 до 5.000 евра.

Новите прописи ќе се применуваат од почетокот на 2014 година.