Приговори за државна матура
Годинава просечно најслаби резултати има по историја и мајчин јазик, а најдобри матурантите се покажале по филозофија и етика...

Учениците кои добиле единици на државната матура поднеле најмногу приговори до испитниот центар. Директорката Мируше Амети вели дека годинава немало технички проблеми при полагањето, но очекува бројот на забелешки да биде поголем од лани. Причина за тоа е воведувањето на 3-от екстерен испит.
„Англиски јазик имаше повеќе единици, а имаше и помалку каднидати бидејќи прв пат се тестираат, очекуваните предмети кои беа добивме добри резултати затоа што бројот беше помал “, вели Мируше Амети, директорка на државниот испитен центар.
Годинава просечно најслаби резултати има по историја и мајчин јазик, а најдобри матурантите се покажале по филозофија и етика. Учениците добија просечна оценка од 3, 11. Ова е 7- година како се спроведува државната матура. Средношколците најуспешни биле во 2011-та, а најслаби на испитот во 2010. Пријавувањето за втората испитна сесија на годинашната матура почна денес и ќе трае до 24 јули, а заврши рокот за приговори.
Матурантите кои се назадоволни од резултатите најдоцна до 15 часот можеле да поднесат приговор до државниот испитен центар. Наредната сесија ќе се одржи во август.
Викторија Тодоровска
