Седници

Во Собранието денеска ќе заседаваат две комисии

17.10.2024 08:19

Седница ќе одржат Комисијата за одбрана и безбедност и Законодавно правната комисија...

Во Собранието денеска седница ќе одржат Комисијата за одбрана и безбедност и Законодавно правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност се Предлог-одлуката за испраќање на припадник на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ“, во Република Либан и Предлог-одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина, и двата во второ читање.

Членовите на Законодавно правната комисија ќе расправаат по Предлог-одлуката за испраќање на припадник на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ“, во Република Либан, Предлог-одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина, двата во второ читање и Предлог на Законот за дополнување на Законот за домување во прво читање.