Македонија
Бојан Христовски назначен за нов директор на Агенцијата за национална безбедност
17.10.2024 08:27
На владина седница беше разрешен од должноста досегашниот Зарко Милошевски и на негово место поставен Христовски кој извесно време беше директор и на ЈП Паркинзи Скопје...

Бојан Христовски е назначен за нов директор на Агенцијата за национална безбедност. На владина седница беше разрешен од должноста досегашниот Зарко Милошевски и на негово место поставен Христовски кој извесно време беше директор и на ЈП Паркинзи Скопје.
Христовски има повеќегодишно искуство во безбедносните институции, а на директорската позиција доаѓа од МВР.
Фото: Фејсбук/ Бојан Христовски
