Здравство

МЗ почна национална кампања под мотото „Октомвриски розов караван – превенцијата е најдобра заштита“

17.10.2024 08:40

Министерството за здравство почна национална кампања под мотото „Октомвриски розов караван – превенцијата е најдобра заштита“, со цел подигнување на свесноста за рано откривање рак на дојка...

Министерството за здравство почна национална кампања под мотото „Октомвриски розов караван – превенцијата е најдобра заштита“, со цел подигнување на свесноста за рано откривање рак на дојка.

„Во рамки на кампањата, ги повикуваме граѓаните во сабота (19.10.) од 12 до 16 часот и на 26 октомври од 13 часот во „Скопје Сити Мол, каде ќе биде поставен информативен штанд и ќе имаат можност да се информираат за тековните активности за превенција и лекување на ракот на дојка“, велат од Министерството.

Исто така, на 26-ти октомври ќе се одржи централна трибина во „Синеплекс“, „Скопје Сити Мол“, каде панелисти ќе бидат членови на Националната комисија за скрининг на рак на дојка.