По две недели камиони со хуманитарна помош стигнаа до Газа
По две недели неколку камиони со хуманитарна помош стигнаа до северна Газа...

Влошена хуманитарната состојба на Блискиот Исток. По две недели неколку камиони со хуманитарна помош стигнаа до северна Газа. По заканите од САД дека ќе ја стопира воената помош за Тел Авив доколку во 30 дена не се зголеми протокот на помош за цивилите, израелската војска соопшти дека 50 камиони влегле во Газа. За лошата состојба во палестинската енклава вклучен алармот и во ООН. Од Стејт департментот велат дека ги виделе почетните чекори од Израел.
„Нашата посветеност кон безбедноста и одбраната на Израел е железна. Тоа нема да се промени. Има импликации за испораката на хуманитарна помош и Израел прави сè што може да се осигура дека испораката на хуманитарна помош нема да биде попречена“, изјави Метју Милер, портпарол на Стејт департментот.
Министрите на земјите од ЕУ пак, разговараа со членовите на мировните сили на ООН во Либан каде што е во тек израелската офанзива. Од Брисел изразија подготвеност да извршат максимален политички и дипломатски притисок врз Израел со цел да се спречат дополнителни инциденти против мисијата.
