УКРАИНА

Захарова: „Планот за победа“ на Зеленски го турка НАТО кон директен конфликт со Москва

17.10.2024 08:46

Од руското МНР велат дека Киев го турка НАТО во директен конфликт со Москва....

Не стивнуваат реакциите по објавата на планот за победа на претседателот Зеленски во украинскиот парламент. Од руското МНР велат дека Киев го турка НАТО во директен конфликт со Москва.

„Ова не е план за победа на Зеленски, ова е план за несреќа за Украина и за украинскиот народ. Сето ова е насочено кон уште една изнуда на пари и прикажување на нивните терористички способности“, изјави Марија Захарова, портпаролка на МНР на Русија.

Украинскиот претседател изјави дека војната со Русија би можела да заврши најдоцна следната година доколку веднаш се спроведе неговиот план за победа од пет точки. Генералниот секретар на НАТО Руте изјави дека „планот за победа“ е добар сигнал, но, како што сега стојат работите, тој не може целосно да го поддржи. Зеленски денеска ќе учествува на состанокот на министрите за одбрана на НАТО.