Нови објекти на македонските автопатишта
Уживање во природата... Слушање радио... Ова е единствениот избор што го имаат оние што патуваат низ Македонија.

Патници од секаде ги крстосуваат македонските патишта. Но освен по некоја бензинска, тешко ќе најдат угостителски објект.
Кафе и ручек по долгиот пат, би им годеле на сите.
„Патуваме преку Македонија, земјава е убава. Но во близина на автопатот недостигаат места за преноќевање, за ручек,“ вели еден странец.
„Бензинските ви се добри, модерно опремени, ви недостигаат ресторанчиња со национална кујна, таа ни се допаѓа“, оценува еден друг странец.
„Странците навистина нема каде да застанат на нашите патишта“, вели граѓанин на Македонија.
Со изградба на мотели, ресторани, бензински пумпи на 30 локации, треба да се зголеми понудата на услуги за домашните и за странските патници. Во првата фаза ќе се гради на 9 локации, по трасата Кичево - Охрид, Демир Капија – Смоквица, Скопје – Штип. Полза ќе имаат повеќе сегменти.
„Со воспоставување на вакви содржини се постигнуваат повеќе цели како што се подигнување на квалитетот на транспортот и сообраќајот и отворањето на нови можности за бизнис-заедницата и инвестиции кои ќе придонесат за локален и економски развој“, рече Александар Ѓорѓиев, портпарол на Владата.
Деветте локации ќе бидат понудени на јавна аукција кон крајот на оваа или во почеток на наредната година.
Наташа Јанчиќ
