Министерство за транспорт

Македонија не се откажува од поврзувањето со пруга кон Бугарија

17.10.2024 08:47

Континуираниот процес на изградба на првата и втората фаза од пругата на Коридор 8. ова беше цврстиот став на македонската делегација составена од директорот на МЖ инфраструктура Синиша Ивановски и државниот секретар во Министерството за транспорт Стефан Волкановски ...

Владата е силно посветена на изградба на нова железничка мрежа во земјата и водејќи се од севкупниот економски развој и регионалното поврзување, а во духот на евроинтегративниот процес и потребата од модернизација и доизградба на европските транспортни коридори, остануваме целосно посветени на изградба на источниот дел на железничкиот Коридор 8, велат од Министерството за транспорт.

Додаваат дека тоа го докажува и континуираниот процес на изградба на првата и втората фаза од пругата на Коридор 8. ова беше цврстиот став на македонската делегација составена од директорот на МЖ инфраструктура Синиша Ивановски и државниот секретар во Министерството за транспорт Стефан Волкановски, која со посредство на Европската унија во Брисел оствари работна средба со претставници од бугарската влада предводена од заменик министерот за транспорт, на која се разговараше за железничкото поврзување меѓу двете земји.