САД

Несреќа при уривање на мост во Мисисипи, има загинати

17.10.2024 08:53

Најмалку три лица загинаа, а четворица се тешко повредени откако се урна мост во Мисисипи...

Најмалку три лица загинаа, а четворица се тешко повредени откако се урна мост во Мисисипи во момент кога се работело на негово демолирање, соопштија властите.

Одделот за транспорт на Мисисипи потврди дека мостот над реката Стронг бил затворен за сообраќај од 18-ти септември како дел од Проектот за замена на мостот.

Се работи на утврдување на причините за несреќата.