Култура
Вечерва премиера на претставата „Бели ноќи“ во МНТ
17.10.2024 09:08
Во Македонскиот народен театар вечерва премиерно ќе биде прикажана претставата „Бели ноќи“, според делото на Фјодор Михајлович Достоевски, а во адаптација и режија на Звездана Ангеловска...

Во Македонскиот народен театар вечерва премиерно ќе биде прикажана претставата „Бели ноќи“, според делото на Фјодор Михајлович Достоевски, а во адаптација и режија на Звездана Ангеловска.
Во оваа копродукција играат Ана Јовановска и Дамјан Цветановски. Како сценограф се потпишува Мартин Манев, костимограф е Роза Трајческа-Ристовска, а музиката е на Марјан Неќак.
Како што најавија од МНТ, првата реприза е закажана на 18-ti октомври.
