Официјален Пјонгјанг ја прогласи Јужна Кореја за непријателска држава
Пјонгјанг ја прогласи Јужна Кореја за непријателска држава и потврди дека ја прекинале комуникацијата. Патните и железничките врски сега се целосно блокирани како дел од фазното целосно раздвојување од југот...

Ескалираат тензиите на Корејскиот полуостров. Официјален Пјонгјанг ја прогласи Јужна Кореја за непријателска држава и потврди дека ја прекинале комуникацијата. Патните и железничките врски сега се целосно блокирани како дел од фазното целосно раздвојување од југот.
Јужна Кореја соопшти дека политиката на Сеул е да продолжи да се залага за национално обединување, но дека ќе одговори со сила доколку Северна Кореја покаже каква било форма на агресија.
Пјонгјанг претходно го обвини Сеул дека испраќа беспилотни летала во нејзиниот главен град, што ги подгреа тензиите што тлееја со месеци.
