Платформа: 100% посветени за тебе - „Проекти, инвестиции и реформи во економијата, финансии и јавна администрација“
Во Медија центарот на Владата денеска ќе се одржи Платформа: 100% посветени за тебе на тема „Проекти, инвестиции и реформи во економијата, финансии и јавна администрација“...

Во Медија центарот на Владата денеска ќе се одржи Платформа: 100% посветени за тебе на тема „Проекти, инвестиции и реформи во економијата, финансии и јавна администрација“, соопштуваат од владината прес служба.
Учество ќе земат Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии, Бобан Николовски, Директор на Царинската управа, Бесар Дурмиши, Министер за економија и труд, Сељатин Бељули, в.д. Директор на Агенцијата за вработување, Горан Минчев, Министер за јавна администрација и Есма Адиловиќ Фазлиќ, Раководител на сектор за реформи во јавната администрација.
Модератори ќе бидат Марија Митева и Венера Љатифи Азизи, портпароли на Влада.
