Во Белград денеска продолжува судскиот процес за масакрот во училиштето „Владислав Рибникар“
Денеска ќе продолжи распитот на малолетниот убиец кој се согласи да сведочи во постапката против неговите родители...

Во Специјалниот суд во Белград денеска продолжува судскиот процес против Владимир и Миљана Кецмановиќ, родителите на момчето кое го изврши масакрот во училиштето „Владислав Рибникар“ на 3 мај минатата година. Денеска ќе продолжи распитот на малолетниот убиец кој се согласи да сведочи во постапката против неговите родители.
Судењето, кое е закажано во 10 часот, како и минатиот пат ќе биде затворено за јавноста.
Коста е донесен во судот со возило на Итна помош. Со него и овојпат има психијатар чија задача е да процени дали момчето е психички способно да сведочи.
Малолетниот К.К. минатата година изврши масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“ и уби девет ученици и обезбедувалот во училиштето.
На последното судење тој првпат се сретна со семејствата на жртвите, но и со родителите во судницата на Специјалниот суд во Белград.
