мвр
Претрес во радовишко, пронајдена дрога, приведен дилер
17.10.2024 11:36
Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица...

Вчера во 12.05 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода М.Т.(25) од село Покрачјево, радовишко. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени марихуана, семки од растението канабис и предмет со остатоци од растителна материја. Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.
