Пред отворање на „Шекспир Фестивал“
На вториот интернационален „Битола Шекспир Фестивал“ ќе бидат одиграни осум престави работени според текстовите на најпознатиот светски драматург. Фестивалот и годинава е во рамките на „Бит Фест“.
Осум шекспирови познати дела од всабота на сцената на народниот театар ке се играат во рамките на втириот интернационален „Битола Шекспир Фестивал“. Честа први да ја подигнат завесата ја имаат актерите од Мексико со претставата ,,Хенри-Четврти.
„Задоволство ми е што сме во Битола.Овој фествал ни овозможи уште еднаш да ги миниме нашите граници и преку говорот на нашиот јазик да се претставиме пред публиката која оваа претстава досега ја гледала и на други јазици“, вели режисерот Уго Аривијага.
Актерите од Мексико сметаат дека ке се претстават во најдобро светло затоа што по темпераментот и актерската игра била блиска на претставата со која битолскиот театар настпи во лондонскиот „Глоб театар“.
„Најважно ни е публиката да го почувствува тоа. На оргинален начин го пренесме она што го знаеме и да доловиме дека сме слични по историјата и негувањето на ликот и делото на Вилијам Шекспир“, вели носителот на главната улога актерот Марко Антони Гарсија.
„На денот на претставата ке се обидам тоа да го кажам на најдобар начин и дека делата на шекспир се инспирација без разлика на која сцена се играат“, вели неговиот колега Роберто Сото.
Шекспировите дела никогаш не поместувале граници но и никогаш не останале заробени во сопствената. Македонските театри често го играле. Овојпат како никогаш досега ќе настапат дури четири домашни театарски куќи.
„Се работи за исклучителни претстави кои значат и во своите земји а нас ни овозможуваат да ги споредиме нашите култури“, рече покровителот на „Бит фест“, градоначалникот Владимир Талески.
Вториот битолски „Шекспир Фествал“ свечено ке биде зтворен на 26 јули со настапот на театарот поколенија од Сан Петербург- Русија.
Стевче Митрески