Полициска акција

Претреси на повеќе локации во Тетово и Охрид

17.10.2024 12:08

Акцијата е под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), од каде се најавуваат повеќе детали во текот на денот.

Во тек е голема полициска акција во Тетово и Охрид. Се вршат претреси на повеќе локации. Има и приведени.

Акцијата е под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), од каде се најавуваат повеќе детали во текот на денот.

Голема полициска акција пред два дена се случи и во Струмичко-гевгелискиот регион. Уапсени беа 14 цариници, еден пензиониран цариник и еден полициски службеник.