Сите загинати во вчерашната сообраќајна несреќа се велешани
Жртвите се на различна возраст, од 37 до 66 години. Четворицата повредени се пренесени на Карил, двајца се борат за живот. Има и уште еден повреден во поранешна градска што е надвор од животна опасност...

Сите загинати во вчерашната сообраќајна несреќа кај скопско Катланово, се велешани. Жртвите се на различна возраст, од 37 до 66 години. Четворицата повредени се пренесени на Карил, двајца се борат за живот. Има и уште еден повреден во поранешна градска што е надвор од животна опасност. Основното јавно обвинителство Скопје издало наредба за обдукција на тројцата загинати во вчерашната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Велес.
Од Обвинителството информираат дека се преземаат дејствија за утврдување на причините за сообраќајката. Во текот на ноќта ОЈО издало наредба и за вештачење на траги пронајдени на местото на несреќата. Синоќа од ОЈО информираа дека дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со екипи на МВР вршеле увид на местото, на кое бил повикан и сообраќаен вештак за утврдување на причините за несреќата.
Несреќата била пријавена во 17:45 часот кога на автопатот пред тунелот кај Катланово се превртело комбе.
Во несреќата животот го загубија три лица, а пет се тешко повредени.
Двајца од повредените се во критична состојба.како што информираа од Министерството за внатрешни работи, се пренесени во болница.
