Собрание

Буралиева и Грчева со активно учество во парламентот

17.07.2014 18:30

Освен во Комисијата за култура Буралиева ја избрала и Комисијата за локална самоуправа, а Солза Грчева се одлучила за Комисиите за образование и европски прашања...

Културата е мојот фах. Со дебатата во матичното собраниско тело опозициската  пратеничка Буралиева најавува и активен ангажман во пленарната сала. Спротивно на партискиот став , одлучив  вели, пратеничкиот мандат добиен од граѓаните активно да го одработам.

„Оставката ја повлеков, тоа подрзабира дека ќе треба да се работи, тоа подразбира дека имам потреба гласот на мојот гласач, на оној што гласал да го оправдам и да ја оправдам довербата и на партијата која ме ставила да бидам на листа на пратеници. Доколку ме отсранат од партиските редови, за што сеуште нема партиска најава, јас и понатаму ќе функционирам опозиционо со истите ставови заради кои се најдов на листата за пратеници,“ вели Буралиева.

Освен во Комисијата за култура Буралиева ја избрала и Комисијата за локална самоуправа, а Солза Грчева се одлучила за Комисиите за образование и европски прашања. Предлог одлуките  потврдени од собраниската комисија за именувања.

„Јас им честита за храброста и одлуката што ја направиле, бидејќи единствен начин за решавање на проблемите во Македонија е да се дебатира токму овде, во највисокиот законодавен дом. Тоа е добар политички потег, јас верувам дека и останатите колеги ќе го следат тој пример, бидејќи ако сакаме да помогнеме на Македонија, единствениот начин е овој тука, на еден демократски начин заедно да ги спроведеме сите реформи во овие предизвици кои ја чекаат Македонија“, рече Трајчо Димков од ВМРО-ДПМНЕ

„Политичките одлуки имаат фаза на свое рефлектирање. Посакаувам во една мирна, порелаксирана атмосфера, поконструктивна и поодговорна атмосфера, македонската опозиција да изнајде сили и нивните пратеници да дојдат во парламентот, бидејќи ние сакаме да водиме расправа“, рече Џевад Адеми од ДУИ.

Социјалдемократите засега не сакаат да ги коментираат потезите на сопартијките. портпаролот Шилего за  МТВ  вели:

„Партискиот статут дозволува исклучување на членови. Иницијативата треба да тргне од матичната општинска организација а последниот збор го има извршниот одбор. Ставот на СДСМ ќе биде познат по летниот одмор“.

Потегот за Буралиева очекуван иако, вели ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Засега немам комуникација со партиското седиште, но веќе имаме информации, дека мојата општинска  организација се подготвува да ја почне процедурата . Независно од одлуката вели  за МТВ  Буралиева – јас во парламентот ќе дејствувам опозициски.

Засега само либералдемократката Каровска од македонскиот опозициски блок, активна во собраниската дебата. И натаму е член на ЛДП, бидејќи партискиот статут недозволува исклучување, но сите контакти вели од страна на раководството со мене се прекинати.

Виолета Димовска