Струмица

Забрана за користење на водата за пиење и во Општина Босилово

17.10.2024 13:29

По општините Струмица и Василево кои со вода за пиење се снабдуваат од брана Турија, од денес забрана за користење на водата има и во Општина Босилово. Таму четири населени места приклучени на брана Иловица водата може да ја користат само како техничка...

Стаса противпожарно возило од Радовиш со питка вода во Босилово. Се полнеа канистрите за вода во училиштата. Од синоќа забрана за користење на водата за пиење во четири населени места во Босилово. Граѓаните информирани.

Причина за забраната е неможноста филтер станицата да ја преработи водата со лош квалитет која доаѓа од браната Иловица. Како што соопштија локалните власти има зголемени количини со суспендирани материи.

Забрана за користење на водата сè уште има и во Општина Струмица. Последните анализи на водата од акредитирана лабараторија покажуваат дека се исполнуваат условите за користење. Ќе се прави уште една анализа, по што се чека решение од АХВ да се дозволи водата за пиење.

Забрана на водата за пиење која доаѓа од брана Турија има и во Општина Василево.

 

Ване Трајков