Здравство

Таравари очекува од директорите на клиниките да преземат мерки за починатото бебе

17.10.2024 13:32

Откако од „Козле“ отфрлија вина, министерот Таравари потврди дека таму порано имало респоратор, но, бил однесен на друга клиника.

Извештајот за смртта на 14-месечното девојче е испратен до клиниките, се чека како ќе постапат. На потег е и Лекарката комора. Откако од „Козле“ отфрлија вина, министерот Таравари потврди дека таму порано имало респоратор, но, бил однесен на друга клиника.

„Не сум судија, ниту обвинител. Како министер ангажирав комисија која даде детален извештај што се случило и сега тој е испратен до клиниките и чекаме да видиме како ќе постапат директорите. Понатаму ние може да постапиме врз директорите, меѓутоа не и врз вработените. Треба да инсистира министерството и министерот за да директорите преземаат одредени мерки за тие доктори што направиле некаков вид на превид“, рече Таравари.

Прашан дали можеби ќе ги разреши директорите ако не преземат одредени мерки, Таравари одговори дека неговите очекувања се оти раководните лица на клиниките ќе направат сѐ што треба.