Парите од унгарскиот заем легнаа на сметка
Парите од унгарскиот заем легнаа на сметка. Проектите на општините кои ќе бидат финансирани од средствата се веќе избрани. За парите за компаниите од унгарскиот заем, утре ќе се разговара со Македонската банкарска асоцијација. Од Министерството за финансии информираат дека втората транша од заемот ќе се искористи за отплата на еврообврзницата која доспева во јануари 2025 година...

Со 250 милиони евра од унгарскиот заем ќе се финансираат 274 проекти во 77 општини. Парите легнаа на сметка на Народна банка и ќе бидат трансферирани во централниот буџет. Уште 250 милиони евра ќе одат за компаниите.
Четирите локални самоуправи што не добија пари: Град Скопје, Струмица, Сарај и Теарце до 15-ти ноември може да поднесат нови проекти и повторно да се обидат да добијат финансирање од централниот буџет. Дел конкурирале со веќе отпочнати проекти.
Од Министерството за финансии информираат дека втората транша од половина милијарда евра од заемот од унгарската банка ќе се искористи за отплата на еврообврзницата што доспева во јануари 2025-та година.
Во тек се преговори со унгарската банка за условите за вториот дел од заемот од 500 милиони евра за исплата на еврообврзницата во јануари догодина.
Ирина Гелевска
