Се бара седница на Советот за јавни обвинители по обвинувањата дека Коцевски вршел притисок врз обвинители
Виши обвинители се жалат на притисок од републичкиот обвинител Коцевски, тој негира, најавена претставка до Советот. Нови бранувања во правосудството…

Советот на јавни обвинители од медиумите слушнал за обвинувањата на обвинители од Вишото обвинителство за притисоци од главниот обвинител Љупчо Коцевски да се внимава во предметот за СЈО и бонусите кои ги делеле, со укажување да не се даде својство на ВМРО-ДПМНЕ на оштетен.
Од Советот рекоа дека собираат информации за тоа што се случувало. Вишиот обвинител Јован Цветановски кој го води случајот, вели се собира документацијата и ќе се бара одржување јавна седница во Советот на обвинители. Тој што треба мене да ме заштити од закани и притисоци, вели Цветановски, веќе не е заштита.
Ниту во Министерството за правда немаат повеќе информации за случајот. Министерот Игор Филков, рече треба да видиме за што се работи.
И додека вишиот обвинител Цветановски вели дека за прв пат се соочил со ваков тип закана и дека одлуката за случајот бонуси во СЈО ќе биде независна.
Јавното обвинителство ги негираше тврдењата од вишите обвинители и посочија дека никогаш никому не е вршен притисок за кој било предмет.
Миле Ристески
