Тухел не знае дали Кејн ќе остане капитен на Англија

17.10.2024 14:40

Вчера Фудбалската асоцијација на Англија го објави назначувањето на Тухел за селектор на националниот тим.

Новиот селектор на Англија, Томас Тухел, одговори на прашањето дали напаѓачот Хари Кејн ќе остане капитен на националниот тим под негово водство.

Сите знаат како се чувствувам за Хари. Морав да работам напорно за да го доведам во Баерн. Тој веќе е на пат да стане легенда. Што се однесува до капитенската лента во англиската репрезентација, рано е да се носат такви одлуки. Сакам да му оддадам почит на Ли Карсли и да не му се мешам во работата, изјави Тухел.

Вчера Фудбалската асоцијација на Англија го објави назначувањето на Тухел за селектор на националниот тим. Германскиот стручњак ќе ги преземе своите обврски на 1 јануари 2025 година.